Двајцата беа жртви на тероризам, недолжно настрадаа во заседа и пукање. Еден беше палестински тинејџер кој берел шумски плодови да заработи малку пари за своето семејство, другиот полициски службеник кој го возел семејството на седер песах во населба на Западниот брег.
Според зборовите на неговите убијци, тинејџерот бил убиен бидејќи се обидел да ја саботира бариерата која го одвојува неговото село од земјата во сопственост на неговото семејство. Полицаецот бил убиен бидејќи неговите убијци во него гледаат окупатор, кој се движел во окупираната територија како да е негова. Ниту една од овие тези ни најмалку не го оправдува ова убиство.
Тинејџерот во глава го погодил воен снајпер, иако тој за никого не претставувал опасност. Убијците на полицаецот пукале на сите страни, загрозувајќи го животот на неговите сопатници, иако тие за никого не претставувале опасност. Двајцата и тинејџерот и полицаецот, оставиле зад себе семејства, скршени од болка и недоверба. Убиени се оддалечени само неколку километри во планините на јужен Хеброн, во период од неколку недели. Командирот Барух Мизрахи бил убиен од палестински терорист, а Јусеф Шавамра били убиен од израелски војник. Двете убиства се еднакво криминални.
По смртта на Мизрахи следеше интензивна потерница, целиот град беше блокиран, а претресите вршени од куќа до куќа. Може да се претпостави дека убиецот и неговите налогодавци, ако го пратил некој друг, дека ќе биде уапсен и осуден на доживотен затвор.
Нема потреба да се бараат убијците на Шавамра: тоа се војници на Израелските одбранбени сили и идентитетот на нивниот командир од 77 оклопен батаљон добро е познат. Нив никој не планира да ги процесуира за тоа што го направиле.
На смртта на Шавамра во неговата 14 година не е посветено многу внимание во израелските медиуми. Смртта на Мизрахи во 47 година доби огромно медиумско внимание. Потребен е напор да се сфати механизмот на перење на мозоци во Израел, кој прави ваква разлика меѓу жртвите.
Тој механизам е следен: на израелска жртва мора да се посвети пошироко внимание во израелските медиуми од палестинска жртва. Така функционира и светот и медиумите, посебно кога се темелат на разгорување на страв и зачувување на племенскиот оган.
Но, тешко е да се остане нем на пренагласеното известување за ужасната смрт на Мизрахи, покрај речиси непостоечкото известување за смртта на Шавамр, која е исто така ужасна.
Смртта на Мизрахи произведе информативни емисии, секако со водители под автоматски меланхолични маски, а извештаите од неговиот државен погреб ги полнеа насловните страници на весниците. Има ли нешто што не е кажано и напишано за Мизрахи? – Каде е тато, дали е на небото? – е наслов на весникот Yedioth Ahronothu. – Со само осум години рецитира кадиш над телото на својот татко – гласеше наслов на првата страна на весникот Israel Hayoma.
Премиерот Бенјамин Нетанјаху ја обвини Палестинската самоуправа за поттикнување на убиства. Група пратеници во Кнесет кои се состанаа со претседателот на Палестина Махмуд Абас во време на погребот, за малку ќе беше обвинета за велепредавство. Абас е обвинет дека го осудил убиството само зад затворени врати.
А што е со Шавамра? И на неговиот погреб беа расплакани деца и луѓе со скршени срца; и тој беше нечија љубов. На својата мајка и неговиот татко, како синот на Мизрахи, сака убијците да се фатат и да се доведат пред правдата. Никој, дури ни Палестинците, не разгледуваше спречување на мировните преговори поради неговата смрт, а Абас од некоја причина, не се осуди да го обвини Нетанјаху за поттикнувањето кое доведе до убиството на Шавамра.
А Нетанјаху? Тој не го осуди убиството на ова момче, дури ни зад затворени врати. Тоа од него никој не го бараше; на крајот на краиштата, тој сепак е премиер избран од народот и врховен командант на етничката војска.
Нека ви е лесна земја, Барух Мизрахи и Јусуф Шавамра (или би требало да се каже, Господ нека ги одмазди). Двајцата беа непотребни жртви на терор кој убива недолжни луѓе.
Хаеерец – Ерусалим