ДЗС: Дождот не предизвика сериозни последици

Од:

Врнежите од дожд немаат предизвикано сериозни последици врз станбените и деловните објекти, земјоделските површини, патиштата и мостовите освен на некои поединечни места, информира Дирекцијата за заштита и спасување на Република Македонија (ДЗС).

Оттаму посочуваат дека подрачните одделенија на ДЗС континуирано ја следат состојбата и вршат увид во одредени потенцијални критични подрачја.

– Доколку има потреба ДЗС е подготвена да преземе соодветни мерки за заштита и спасување со ангажрање на тимовите за брз одговор и единиците за заштита и спасување од поплави, ставање во функционална употреба на пумпите за исцрпување на вода, обезбедување и поделба на вреќи за песок за правење одбранбени насипи, ангажирање на градежни машини за интервенции на речните корита, расчистување на тесните грла околу мостовите и слично, велат од ДЗС.

Во изминатиот период, посочуваат, имаше излевање на водите на реката Пчиња во Старо Нагоричане, во близина на меморијалниот комплекс и за таа намена дадени се 750 вреќи за песок со кои е направен одбранбен насип, а 1.500 вреќи за песок се дадени на општина Куманово за заштата на населбата Средорек.

Во општина Пробиштип имаше подигнување на подземните води во рудникот Добрево, каде е поставен дизел агрегат со капацитет од 3.000 литри во минута за исцрпување на водите при што ангажиран е уште еден дизел агрегат од страна Дирекцијата за заштита и спасување. Се очекува водата од рудникот да биде исцрпена до среда.

На патниот правец Пробиштип – Свети Николе извршен е увид на состојбата на мостот на река Киселица каде е констатирано дека просторот околу мостот е обраснат со трски при што механизација од општина Пробиштип го средува просторот. Мостот на реката не е загрозен и патниот правец е во функција.

Во општина Чешиново-Облешево имаше поплавување на дел од оризовите полиња. Со механизација ангажирана од општината се прави одбранбен насип.

Во општина Липково поплавена е земјоделска површина од околу 6-7 хектари, но водата е повлечена и состојбата не е загрозувачка.

– И во наредниот период Дирекцијата за заштита и спасување преку своите подрачни одделенија ќе ја следи состојбата и во зависност од потребата ќе презема и  спроведува оперативни активности за заштита и спасување на населението и материјалните добра од евентуалните поплави, нагласуваат од ДЗС.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Поплави во Италија, снежна бура на Алпите, падна еден метар снег, градови се отсечени

Вардар во Велес излеан на кејот, во градскиот парк поплавени дрвјата покрај брегот

Предраг Петровиќ

Излеаната Маркова Река направи проблеми во Студеничани, Батинци, Пинтија, Горно и Долно Лисиче

Горан Наумовски

Стотици илјади луѓе во Австралија се без струја поради тропската бура „Алфред“

(ВИДЕО) Мајки со бебиња бегаат од поплавената болница во Аргентина, 10 загинати во поплави

(ВИДЕО) Поплави го погодија југоисточниот дел на САД, загинаа најмалку девет лица