На подрачјето на Скопје 22 сообраќајки за 48 часа

Од:

Во текот на изминатите 48 часа на подрачјето на Град Скопје од страна на сообраќајната полиција извршен е увид на вкупно 22 сообраќајни незгоди.

На 30 април, среда, сообраќајната полиција изврши увид на вкупно 13 сообраќајни незгоди. Од нив, две се со последица телесна повреда во кои со полесни телесни повреди се здобиле еден возач на патничко моторно возило и еден пешак и 11 незгоди се со последица материјална штета.

Вчера, 1 мај, четврток, извршен е увид на вкупно девет сообраќајни незгоди. Од нив, три се со последица телесна повреда во кои со полесни телесни повреди се здобиле еден возач на патничко моторно возило, еден возач на мотоцикл и еден пешак, и шест се со последица материјална штета.

Во текот на двата дена од страна на сообраќајната полиција откриени и санкционирани се четири возачи кои ги управувале своите возила под дејство на алкохол и истите се исклучени од сообраќај, девет возачи коишто не ги почитувале светлосните сообраќајни знаци на крстосниците и девет возачи кои ги управувале своите возила без возачка дозвола.

Претстојниот викенд во организација на Автомобилистичката федерација на Македонија на падините на Водно, поточно на патот за Средно Водно на потегот од Олимписко село до Средно Водно ќе се одржи меѓународен натпревар во автомобилизам, и тоа во сабота на 3 мај, со почеток во 12 часот ќе се одржи неофицијалниот и официјалниот тренинг и во недела, на 4 мај, во истото време ќе се одржи и официјалниот натпревар. За таа цел по барање на организаторот во времето од 9 часот па се до завршување на натпреварите, односно до 16 часот, сообраќајот ќе биде затворен во овој дел од сообраќајницата.

Би можело да ве интересира

Автопатот Скопје-Блаце носи нов импулс за развој, вели Николоски

(ВИДЕО) Вирусот на западнонилска треска се шири: 43 случаи, првпат потврден и кај мртов гавран во Скопје

Горан Наумовски

Мртов маж е пронајден во двор во Скопје

Горан Наумовски

„Корса“ излета од булевар, тројца повредени завршија во болница

25-годишен скопјанец силувал 14-годишно девојче

(ВИДЕО) Трагедија на автопат: Пет тинејџери загинаа во автомобил кој се движеше во спротивна насока

Горан Наумовски