Протестот на вработените во „Луфтханза“ се чувствува и денес, само во Минхен досега се откажани 15 летови. Поради неисполнувањето на условите поставени од вработените, нивниот синдикат повика на продолжување на протестите на сите аеродроми и во петок.
Персоналот на „Луфтханза“ денес се врати на работа, но поради вчерашниот протест кој траеше до полноќ, на аеродромите во Берлин, Франкфурт и Минхен, се уште се чувствуваат проблемите.
Вработените бараат покачување на платаите за 5%, додека менаџерите им понудија 3,5 %. Компанијата на својата веб страна ја објави листата на откажени летови, додека нервозните патници во долги редови чекаат пред шалтерите и бараат што е можно побрзо да заминат. Компанијата поради протестот претрпе милионска материјална штета, а на аеродромите остнаа „заробени“ 43.000 патници.
Несогласувањата околу висината на платата траат околу една година, а во борбата за поголема заработувачка во петок ќе се вклучат околу 18.000 вработени, со што ова ќе биде еден од најмасовните протести во историјата со кој се соочила „Луфтханза“.