(ВИДЕО)Ангелов: ВМРО-ДПМНЕ си игра со интелегенцијата на бранителите

Од:

Лидерот на Достоинство, Стојанче Ангелов, реагира зошто од Комисијата за труд и социјална политика не му е дадена дозвола да присуствува на расправата за законот за правата на безбедносните сили и нивните семејства. Објаснувањето на собраниските служби била дека нема случај вонпарламентарна партија да учествува во комисиите.

Ангелов им честита на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ што ќе гласаат за закон, во кој стои дека во 2001-та година нападот бил од екстремистички вооружени сили, но на ВМРО-ДПМНЕ кои се предлагачи на законот, им порачува да не ја потценуваат интеленцијата на бранителите, бидејќи, вели, дека предвидените права се минимални и не ги решаваат правата на бранителите и нивните семејства.

Предлага амандмански да се реагира со зголемувања на сумите и правата, а на Груевски му порача да не глуми сега патриот кога во 2001-та година како министер за финансии одби или го спречи договорот постигнат меѓу бранителите и тогашните министри Бучковски и Бошкоски, за вонсудска исплата на надоместоците за бранителите.

Во Собранието се вршат последните подготовки за почеток на Комисијата за труд и социјална политика.

Би можело да ве интересира

Потврдена e шуга кај двајца војници на обука во касарната во Велес

Горан Наумовски

Сиљановска-Давкова: Армијата е современа и усогласена со стандардите на НАТО

Синдикатот пријави 14 припадници на Армијата за злосториничко здружување и за злоупотреба на службена положба

СДСМ: Со Мицкоски и ВМРО нема поголеми плати ниту во Армијата

Мицкоски: Армијата денес е симбол на новото време

СДСМ: Сите припадници на АРМ се нашите херои во униформа

Горан Наумовски