СДСМ ги враќа пратеничките мандати

Од:

Централниот одбор на СДСМ, по неколку часовни дискусии, ноќеска едногласно одлучи пратеничките мандати да се вратат.

Зоран Заев останува лидер на партијата.

На Централниот одбор бил изгласан ставот дека која било друга одлука би значело признавање на резултатите од изборите и давање легитимитит на избори спроведени со систематска кражба на гласови.

s2

Како што дознава А1он од партиски извори, се посочил и фактот дека некои од новоизбраните пратеници и од СДСМ и од коалициските партнери, веќе добивале понуди од претставници на власта да не ги враќаат мандатите и да влезат како независи пратеници или како дел од владеачката коалиција.

На самиот почеток Заев изјавил дека не размислува да даде оставка, со образложение дека на чело на партијата е од месец мај минатата година, значи само десет месеци.

По ова се отворила и дебата, наместа жестока, со критики, главно од досегашните пратеници, за партискиот врв Заев-Шекеринска.

Како можен термин за одржување Конгрес на кој би се дебатирали за изборите, резултатите, и барањето одговорност се споменува 11-ти мај. На Конгресот треба да се договори кои би биле идните начини на дејствување на СДСМ како најголема вонпарламентарна партија.

Одлука за неприфаќање на пратеничките мандати донесе НСДП, а се очекува денеска тоа да го одлучи и ЛДП.

T.Ц.

Би можело да ве интересира

Герасимовски го посети штандот на ЈП „Паркинзи на Општина Центар“: Информативни табли со QR-код за брзо плаќање

(ВИДЕО) Трајановски: СМАРТ-осветлување во сите паркови и дворови на градинките и училиштата

СДСМ: Предлог-буџетот за 2026 година е признание за економската неспособност на Владата

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Д-р. Трајановски: Поддршка на млади претприемачи

(ВИДЕО) Велковски: Со поддршката од Ашиковски одиме на победа во вториот круг, време е Лозово пак да се развива

Филипче од Јакреново: Таму каде што СДСМ има градоначалници, има резултати