Законот за бранителите денеска пред пратениците

Од:

Комисијата за труд и социјална политика денеска ќе расправа за Законот за правата на припадниците на безбедносните сили и нивните семејства.

Решенијата се предложени од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ.

Според информациите на А1, ДУИ ќе дојде на седницата и ќе го брани ставот зашто закон во ваква форма не е добар за Република Македонија. ДУИ најавуваат дека ја разгледуваат можноста во втората фаза да поднесат илјадници аманадмани што автоматски би значело блокирање на работата на законодавниот дом. Од партијата на Ахмети бараат, или да се повлече законот за бранители или во него да се додадат и припадниците на ОНА. Во спротивно сите опции, па и како последна ја оставаат можноста за излегување од Владата.

Премиерот Груевски веќе изјави дека од принципиелната политика не отстапуваат, не дозволуваат да се урива македонското достоинство, и се подготвени и на предвремени избори.

ДПА и дава подршка на ДУИ за да се спречи, како што велат, носењето на штетниот закон.

На лидерот на „Достоинство“, Стојанче Ангелов не му е дозволено денеска да присуствува и да учествува на Комисијата за труд и социјална политика .

Комисијата пред да го изгради мислењето се обратила до стручните служби во Собранието за мислење и според нив, досега немало случај ниту е дозволено вонпарланментарна партија како што е „Достоинство“ да учествува во комисиска расправа.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Усвоена Резолуција против демократијата

Собранието изгласа Резолуција за осуда на опозициските манипулации и нелегалната миграција

Горан Наумовски

Собранието ги донесе измените на Законот за буџетите

Собранието го констатираше престанокот на функцијата на обвинителот Коцевски

Катерина Ѓуровски

Предлог одлуката за разрешување на Коцевски пристигна во Собранието

Горан Наумовски

Собранието го донесе Буџетот за 2026 година