ПЕП 21: Работниците во Македонија итно да изберат незвисни синдикални лидери

Од:

Партија за економски промени 21-ПЕП 21 на сите работници им го честита 1 –ви Мај –ден на трудот.

Работниците во Република Македонија итно треба да изберат незвисни синдикални лидери, а пред се ново раководство на ССМ, кои ќе застанат во заштита на правата, трудот и достоинството на секој работник.

Дали можеме да констатираме дека, со исклучок на некои од нив, денес раководствата на гранкови синдикати и пред се претседателот на ССМ, Живко Митревски, најмногу се насочени кон додворување на власта и потврдување на сите нивни постапи и одлуки во врска со работниците и нивниот статус?

Ги прашуваме дали  за сметка на своите лични и семејни интереси првите синдикалци нааместо да ги штитат, ги продадоа  правата, достоинството, вредноста и трудот на работниците и без ронка срам и совест семејствата на работниците ги доведоа на  прагот на беда и сиромаштија, а од друга страна на грбот на работниците уживаат привилегии и финансиски поволности? 

Челниците на гранковите синдикати и првиот човек на ССМ да поднесат оставки доколку не се подготвени совесно и наменски да си ги извршуваат функциите како синдикални лидери во интерес на работниците и работничките права.

Им честитаме на одлуката и ги подржуваме во постапките оние синдикални организации и левичарски движења кои најавија протести за Денот на трудот -1-ви Мај, и тоа левичарското движење „Солидарност“, Конфедерацијата на независни синдикати, Синдикатот на новинарите и медиумските работници, Синдикатот на македонската дипломатска служба, Синдикат на работниците од управата, правосудните органи и здруженијата на граѓани на Македонија

Би можело да ве интересира

ПЕП 21: Иванов свесно ги прекршува Уставот и законите

Ана Ололовска

ПЕП 21: Претседателот Иванов да ја почитува институцијата Претседател

Ана Ололовска

ПЕП 21: ВМРО-ДПМНЕ го силува изборниот процес

Емир Латифовиќ

ПЕП 21: Обид за легализација на криминалот

Ана Ололовска

ПЕП 21 се приклучува на утрешниот протест пред Уставниот суд

Емир Латифовиќ

ПЕП 21: Предизборна мамка за ловење во матно

Ана Ололовска