Меѓународниот ден на трудот 1. мај ќе биде одбележен со протести во БиХ, во Хрватска и во Црна Гора.
Протести ќе има во Босна и Херцеговина, во Црна Гора и во Хрватска поради лошата и економска состојба на работниците.
Во БиХ 1. мај ќе биде одбележан со продолжување на тримесечните социјални протести со мирен собир во Мостар, а демонстрантите во Сараево и утре ќе ги продолжат протестите.
Хрватските синдикати утре ќе организираат протест на кој се очекува да учествуваат 1.1000 учесници под мотото „Црвен картон за Владата“. Со протестот ќе биде побарано предвремени парламентарни избори.
И синдикатите во Црна Гора годинава 1. мај ќе го дбележат со протести и со музички концерти. За време на протесниот марш ќе биде испратена порака до инсѕтитуциите за неопходноста од отворање на нови работни места. Двата црногорски синдиката ќе имаат одделни протести.