Алстом го избра Џенерал Електрик, но Сиеменс се уште има шанси

Од:

Управниот одбор на француската група Алстом ја прифати понудата на Џенерал Електрик (ЏЕ) за преземање на енергетската индустриска гранка, но дефинитвната одлука ќе биде донесена за еден месец, јавува дописникот на МИА од Париз.

Членовите на управниот одбор на Алстом доцна синоќа еднофгласно ја прифатија понудата на ЏЕ, со која за 12,35 милијарди евра треба да биде купена енергетската дејност на француската компанија, стои во соопштението за јавноста објавено доцна синоќа.

Алстом истовремено нарача независна експертиза за понудата на Џенерал Електрик, така до крајот на мај, француската група нема да има право да започнува постапки со други потенцијални купувачи, иако може да разгледува алтерантивни понуди.

Наддавањето за купувањето на енергетскиот дел од дејностите на Алстром, кои претставуваат три четвртини од активностите на групата се интензивираа по понудата од германската компанија Сиеменс, која веќе неколку години се интересира за Алстом.

Германската компанија која не сакаше да прави подетална понуда се додека нема пристап до сметките на Алстом, како услов постави разговори со дирекцијата на Алстом во текот на четири недели, по што може да даде детална понуда.

Француската влада ја стави борбата против невработеноста во срцето на нејзината економска политика, се обиде да влијае врз досието Алстом, откако изрази желба да ги брани 9000 работни места во Франција во фабриките кои се дел од енергетските дејности на Алстом. Од Елисејската палата се посакува да се добие на време во операцијата Алстом за да се дозволи да се претстават други понуди.

Би можело да ве интересира

Ле Пен повикува на востание

Жан-Ноел Баро: Франција нема да се двоуми повторно да воведе санкции врз Иран

(ВИДЕО) Хорор во џамија во Франција: Го избодел 50 пати, снимал и праќал на колеги

(ВИДЕО) Инцидент во Франција: Ученик избодел соученици, најмалку едно лице е убиено, четворица се тешко ранети

На делегација на француски левичарски функционери им е забранет влез во Израел

ВИДЕО: Големо невреме на Алпите, загинаа татко и син кои помагале во спасувањето