Израел им наметна санкции на Палестинците по истекот на рокот за постигнување мировен договор

Од:

Израел денеска почна да применува економски санкции против Палестинската власт откако истече деветмесечниот рок за мировните преговори, пренесе ДПА.

Израел ќе ги користи финансиските средства, собирани во име на Палестинската автономна власт, како компензација за нејзините долгови кон израелските електро и водоснабдителни компании, изјави високо позициониран израелски претставник.

-Тоа е само првиот чекор, изјави тој.

Мировните преговори меѓу Израел и Палестинците беа прекинати минатата недела, откако партијата Фатах на палестинскиот претседател Махмуд Абас потпиша договор за помирување со исламистичката група Хамас.

Преговорите почнаа во јули 2013 година со цел до 29 април годинава да се постигне договор. Овој рок веќе истече, забележа ДПА.

Би можело да ве интересира

Бројот на загинати борци на Хезболах може да достигне и до 4.000

Најмалку 17 Палестинци загинаа низ Газа во израелски напади

Елијаху: Не го победивме Хезболах, се согласивме на примирје под принуда

Израел и Либан се договорија: Само официјалните воени и безбедносни сили смеат да поседуваат оружје

Хамас е подготвен за прекин на огнот со Израел

Нетанјаху: Израел ќе одговори со сила на секое прекршување на примирјето во Либан

Горан Наумовски