Четвртиот мобилен оператор им заштедил седум милијарди евра на Французите

Од:

Од почувањето со работа на четвртиот мобилен телефонски оператор во Франција, „Фрее“ пред две години, трошоците за телефонски разговори на граѓаните се намалени просечно за 30 отсто, се наведува во последниот извештај на француското здружение на потрошувачите „УФЦ Ке-Шуазир“.

Како што јави дописникот на МИА од Париз, „УФЦ Ке-Шуазир“ претходно остро ја критикуваше слабата мрежа на „Фрее“, но овој пат во прв план ја става ползата што ја добија потрошувачите од воведувањето на новиот телефонски опеартор.

За две години трошоците просечно се намалиле за 30 отсто, од од 24 евра на 17 евра по фактура месечно. Односно заедничкта заштеда на сите француски корисници на мобилни телефони изнесува седум милијарди евра.

Имено намалувањето на цената на услугите за мобилната телефонија се поизразени отколку во 2008, откако претходно беше регистрирана стабилност на цените меѓу 2003 и 2007 година.

Со ова намалување на цените, телефонските услуги во Франција се за 48,7 отсто поевтини во однос на просекот. Така, услугите во Шпанија се деветпати поскапи, а во Германија петпати.

Со отворањето на „Фрее“ во 2012 година, над 13 милиони потрошувачи го промениле телефонскиот оператор без да го променат бројот. Исто така, е забележана и промена и во претплатата, бидејќи денес дури 40 отсто од договорите можат да бидат прекинати веднаш, за споредба порано кога такви можност имаше само кај 20 проценти од договорите.

Според министерот за економија Арно Монтебург, четвртиот телефонски оператор и зголемената конкуренција, „уништила десетина илјади работни места во 2012 година во телекомуникациите“, но статистиката покажува нешто друго. Имено, според Институтот за статистика, во 2010 во овој секторот имало 138.000 вработени, а во 2013 – 140.200. Намалувањето на работните места започна во 2000 година кога во телекомуникацискиот сектор работеа 177.300 лица.

Би можело да ве интересира

Ле Пен повикува на востание

Жан-Ноел Баро: Франција нема да се двоуми повторно да воведе санкции врз Иран

(ВИДЕО) Хорор во џамија во Франција: Го избодел 50 пати, снимал и праќал на колеги

(ВИДЕО) Инцидент во Франција: Ученик избодел соученици, најмалку едно лице е убиено, четворица се тешко ранети

На делегација на француски левичарски функционери им е забранет влез во Израел

ВИДЕО: Големо невреме на Алпите, загинаа татко и син кои помагале во спасувањето