Максимална злоупотреба на јавните средства како и невидена злоупотреба на институциите и администрацијата од ВМРО-ДПМНЕ, нотира во својот извештај за текот на изборната кампања невладината „Цивил“.
Денеска тие го преставија целосниот извештај каде се вклучени и деновите на гласање на 13-ти и 27-ми април. Набљудувачите известиле дека имало поткуп на гласачи за по 500 денари од страна на ЦМРО-ДПМНЕ и тоа во Струмица. Свети Николе, Кочани, Кичево. Имало и такви случаи каде во маалска продавница во Свети Николе можело да се пазарува во вреднсен ваучер од 2000 денари.
Имало и организиран превоз на гласачи и тоа од ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, ДУИ и ДПА. Според „Цивил“, во штипскиот затвор имало сугерирање да се гласа за ВМРО-ДПМНЕ, а награда била сапун, обланда и два брича. Проблем бил и избирачкиот список. Набљудувачите нотирале дека одредени лица ги имало на списокот за парламентарни но ги немало на списокот за претседателски избори.
Во Радовиш според Цивил едно лице гласало со 30 лични карти, а сличен пример имало и во селото Студеничани каде гласач со седум лични карти добил амин од изборната комисја да гласа.
„Цивил евеидентира невидена злоупотреба на институциите, администрацијата и сите расположливи ресурси од страна на владеачките партии, пред се од ВМРО-ДПМНЕ насекаде низ земјата. Нашите набљудувачи известуваат за давање по 500 денари за паламентарни и 500 за претседателски избори од страна на ВМРО-ДПМНЕ, а четирите најголеми партии превезувале гласачи“, изјави Џабир Дерала.
Од „Цивил“ информираа и за феноменот Пустец. Според нив овие гласачи освен во Тирана како дијаспора, гласале и низ Македонија и тоа во Ресен, Бутел, Центар, Кисела Вода, кичево и Аеродром.
„Кај дел од овие лица се забележува дека и двата палци им биле обележани со мастило“, рече Мери Јордановска.
Сите забелешки на набљудувачите на невладината „Цивил“, биле испратени до Државната изборна комисија, од каде добиле одговор дека не можат да постапат оти добиените забелешки ги третирале како информација. За ДИК да делувал морало преставка да добијат од некоја партија.
Бојан Стојановски