Бугарија издвојува најмалку средства во ЕУ за издржување на затворениците, така што за еден затвореник дневно троши 3,12 евра, се наведува во извештајот за 2012 година на Советот на Европа.
Извештајот е изработен во соработка со Универзитетот за криминологија и кривично право во Лозана и е претставен денеска во Брисел.
Минималниот износ по затвореник во Европа е одреден на 3 евра. Најмногу средства по затвореник на дневно ниво во ЕУ троши Шведска – 621 евро, а во Европа на прво место е Сан Марино со 75 – евра трошоци на ден од затвореник.
Најголемо намалуавње на бројот на затворениви во ЕУ бележи Шпанија со 5,6 отсто, а најголем раст има Романија со 13,9 проценти.
Во Европа бројот на затвореници е најмногу зголемен во Босна и Херцеговина, Андроа и Монако со над 20 отсто, а најголемо намалување има Азербејџан со 45,4 проценти.