Изложбата на акварели од сликарот Илија Кавкалески вечер ќе биде отворена во Културно-информативниот Центар на Република Македонија во Софија. Изложбата се реализира во соработка со Националната галерија на Македонија и со Министерство за култура.
– Делата на Илија Кавкалески се негова визуелна рецепција претворена во бои и форми кои промовирааат пораки за среќа, љубов, слобода и спокој. Сликарство едноставно искрено и чисто, информира Културно-информативниот Центар на Република Македонија во Софија.
Изложбата во Софија ќе ја отворат Маја Неделкоска-Брзанова и Љупчо Маленков од Националната галерија на Македонија и Васко Шутаров, директор на Културно-информативниот Центар на Република Македонија во Софија.