Штетата поради загубата на Крим изнесува 60,5 милијарди евра, изјави вчера во Киев вршителот на должност украински министер за правда Павел Петренко.
– Министерството за правда ги анализираше информации за штетата, која настана поради загубата на Крим, кои ги испратија другите министерства и одделенија и процени дека штетата изнесува 950 милијарди гривни, истакна Петренко и додаде дека во тој износ не се пресметани вредностите на минералните ресурси.
Во Украина на 22 февруари дојде до промена на власта и соборување од власт на претседателот Виктор Јанукович, а Република Крим одби да ги признае новите власти на Киев. Крим беше анектиран кон Русија по референдумот, на кој повеќе од 96 отсто од граѓаните се изјаснија за оваа одлука.