Хрватска во кризата изгубила цел буџет

Од:

Хрватска во кризата изгубила над 100.000 работни места и речиси цел еден буџет, изјави хрватскиот заменик-министер за финансии Борис Лаловац.

Лаловац потврди дека во рамки на владините мерки ќе се оданочуваат и каматите на штедење, но даночните олеснувања ќе бидат до 12.000 куни или 1.500 евра.

Според него, дефицитот мора да се намалува и на приходна и на расходна страна.

– Која и да е мерка која сакате да ја воведете, секогаш ќе има незадоволни. Тоа е сосема јасно, затоа што предолго трае кризата, луѓето се нервозни, немаат работа, депресија има и кај претприемачите и кај потрошувачите, рече Лаловац.

Би можело да ве интересира

Најмалку две лица загина во сообраќајка во Хрватска

Сообраќајна несреќа во Хрватска, неколку лица загинаа, има и повредени

Две сестри тргнаа на свадба, починаа во сообраќајка

А1он

(ФОТО) Во сообраќајка загина екс хрватски фудбалер, во друго возило беа неговите сопруга и ќерка

А1он

ВИДЕО: Голем пожар во фабрика во Хрватска

Уапсен e музичарот Миле Кекин