Оваа интересна столица од балони изгледа како да лебди во воздухот.
Јапонското студио „h220430“ дизајнираше столица која изгледа како да лебди во воздухот со помош на десет балони.
Всушност, столицата не лета во воздух, туку е фиксирана на ѕид. Иако овие балони личат на оние наполнети со хелиум, топките се направени од пластика со фиберглас. Дури и силно да посакувате, оваа столица нема да полета.
Освен столицата, јапонското студио направи и софа од црвена кожа.
Дизајнот на столицата е инспириран од францускиот филм „Црвен балон“ од 1953 година, во кој протагонистот, момчето Паскал, лебди над покривите на Париз на балони за да побегне од насилниците.