Израел деенска со двоминутно молчење и со сирени им оддаде почит на шесте милиони Евреи, кои ги загубија животите во Холокауастот извршен од нацистите за време на Втората светска војна.
За време на двоминутното завивање на сирените во земјата се замре. Автобусите и автомобилите запреа по патиштата. Многу од луѓето излегоа од возилата и застанаа да оддадат почит на жртвите.
Тажна музика и интервјуа со преживеани од Холокаустот се емитуваат на радијата и телевизиите, како и документарни филмови од геноцидот.
Имињата на убиените ќе бидат прочитани во Парламентот подоцна во текот на денот.
Денот на Холокаустот почна вчера по заоѓањето на сонцето и ќе трае до залезот на сонцето денеска.
Младите во Полска се подготвуваат да учествуваат во годишниот „Марш на живите“. Тие ќе поминат три километри од Аушвиц до Биркенау, двата дела од најголемиот нацистички концентрационен логор.