Руската валута рубљата се стабилизираше, откако централната банка неочекувано ја зголеми референтната каматна стапка.
Вредноста на рубљата во однос на доларот сега е 35,88 рубљи за долар, во споредба со нивото од 35,95 рубљи за долар, кој важеше пред одлуката на банката да ја зголеми референтната каматна стапка за 50 процентни поени на 7,5 отсто.