Израел нема да преговара за мир со новата палестинска Влада се додека Хамас не изјави дека ја признава еврејската држава, изјави израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во интервју за телевизијата Си-Ен-Ен.
Тој истакна дека најдобро што може да направи палестинскиот претседател Махмуд Абас е да се откаже од сојузот со Хамас, исламистичко движење кое повикува на уништување на Израел.
– Друго што може да ја врати еврејската држава на преговарачката маса е Хамас јавно да ја признае државата Израел. Или Хамас треба да се откаже од уништување на Израел, да тргне по патот на мирот и да се откаже од теророт или претседателот Абас да се откаже од Хамас. Се надеваме дека тој ќе се откаже од сојузот со Хамас и ќе се врати на преговорите, топката е во негово поле, посочи Нетанјаху.