ДИК: Одѕивот до 10 часот на парламентарните избори 9,52, на претседателските 8,81 отсто

Од:

До 10 часот на гласање на предвремените парламентарни избори излегле 166.310 граѓани или 9,52 отсто од вкупно запишани 1.780.128 избирачи, соопшти портпаролот на ДИК Билјана Јовановска на првата прес-конференција.

Најголема излезност на парламентарните избори има во Третата изборна единица 13,32 отсто, по што следуваат Четвртата изборна единица каде одѕивот е 11,37 проценти, Првата изборна единица со 9,80, Петтата со 9,73 и Втората изборна единица со 8,63 проценти. Најмала излезеност има во Шестата изборна единица каде гласале 5,26 проценти.

На вториот круг од претседателските избори одѕивот до 10 часот е 8,81 процент, односно на гласање излегле 155.136 од вкупно 1.779.572 избирачи.

Најмала излезеност има во Боговиње – еден процент, Желино – 1,31, и Липково – 1,74 проценти.

Најголем одѕив има во Новаци, на парламентарните избори одѕивот е 20,49 проценти, а на претседателските 20,68 проценти.

Би можело да ве интересира

Грузиската Централна изборна комисија ги објави конечните изборни резултати, опозицијата продолжува со протестите

Граѓаните не сакаат предвремени парламентарни избори, вели Мицкоски

Филипче: Ние сме подготвени за избори, ќе настапиме многу организирано и многу поуспешно

Објавени се конечните резултати од изборите во Подгорица

Проруската владејачка партија прогласи победа во Грузија, опозицијата излегува на протести

Предраг Петровиќ

Бугарите викендов одат на седми предвремени избори во последните четири години, неизвесно е кој ќе биде иден мандатар