Претседателот на Европскиот парламент Мартин Шулц изјави дека взаемното признавање на Белград и Приштина е услов што европскиот парламент го гледа како решение за влез на Србија во Европската Унија.
Шулц тоа го кажа после разговорот со српскиот премиер Ивица Дачиќ и нагласи дека тој и претставниците на Европскиот парламент со Дачиќ разговарале отворено и дека „односите на Србија и Косово во склоп на мирниот развој мора да завршат со взаемно признавање“.
„Јасно ни е дека следи долг пат, многу препреки, како „фуснотата“. Европскиот парламент нема да навлегува во детали, бидејќи тоа е прашање за дипломатите и владите. Нашата цел е на крајот да биде можно Србија да стане членка на Европската Унија со исполнување на сите мерила и воспоставување мирољубиви и постојани односи помеѓу двете земји“, рече Шулц.
Тој нагласи дека ова е едно од најчувствителните и најтешки прашања за двете страни, за Србија и за Косово, но и за Европската Унија.
„Она што денеска го нагласивме, е дека независно од дипломатските потреби, мораме да гарантираме мир и ненасилство, тоа беше целта на ЕП, но на крајот на долгиот пат взаемното признавање е предулсов за членството во ЕУ, и тоа е многу јасно“, рече Шулц.