ОБСЕ испраќа тим во Славјанск на преговори за ослободување на киднапираните набљудувачи

Од:

Претставници на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) се упатија кон источна Украина денеска за да преговараат за ослободување на набљудувачите на ОБСЕ, кои вчера беа киднапирани во Славјанск.

Еден од меѓународните набљудувачи, киднапирани од проруските сепаратисти, има итна потреб од медицинска помош, соопшти Службата за безбедност на Украина (СБУ).

– Официјалните претставници на ОБСЕ се држени во нечовечки услови, се наведува во соопштението на СБУ и се додава дека Службата предложила да биде пружена медицинска помош, но сепаратистите го отфрлиле тој предлог.

– Терористите планираат да ги искористат заложниците како жив штит, се вели во соопштението.

Според СБУ киднапирањето на заложниците било планирано и координирано од руските граѓанин, кој според украинските власти е член на руските специјални единици.

Русија демантира дека има свои војници или агенти во источна Украина.

Би можело да ве интересира

Украинската амбасадорка за време на пресметката меѓу Трамп и Зеленски

Предраг Петровиќ

Спречен терористички напад врз митрополитот Тихон во Москва

Украина: Западните мировници би можеле да патролираат по воздушен и морски пат

Романија нема да испрати мировни трупи во Украина

Русите ја нападнаа Украина со повеќе од 200 дронови

Мелони: Праведен мир во Украина е можен само ако НАТО им даде гаранција за безбедност