Гласањето во Осмата изборна единица помасовно од првиот круг

Од:

Гласањето во шест избирачки места од Осмата изборна единица, во Северна Америка, почна без проблеми. За гласање на претседателските избори се пријавени над 1.400 гласачи, а на предвремените парламентарни избори ќе гласаат над 3.300 гласачи.

Во некои од избирачките места, каде има поголем број пријавени гласачи, се создаваат и редици за чекање.

– До 10 часот одѕивот за парламентарните избори изнесува 13 проценти, а за претседателските 11 проценти. Се тече во најдобар ред, излезноста е поголема во споредба со првиот круг гласање на претседателските избори пред две недели, и имаме и помала група граѓани кои чекаат во ред за да гласаат, велат од конзулатот во Торонто.

Редот за гласање засега е најголем во конзулатот во Чикаго, каде се пријавени 1.040 гласачи за парламентарните избори. Околу 1.000 гласачи се пријавени и во конзулатот во Њујорк.

Во дел од верските и културните организации на македонските граѓани во Осмата изборна единица се организира и превоз до избирачкото место за гласачите кои живеат подалеку од конзулатите.

Гласањето е отворено и во двете најмали гласачки места во Осмата изборна единица, во амбасадите во Вашингтон и Отава, каде се пријавени по 40-ина гласачи. 

Би можело да ве интересира

Радев најави предвремени парламентарни избори во Бугарија

СДСМ ќе го поддржи опозицискиот кандидат Валбон за градоначалник на Гостивар

Конечен извештај на ДИК за локалните избори 2025 – следуваат повторени избори во четири општини

Дијаспората лани испратила во земјава 310 милиони евра или 2 проценти од БДП

Народниот правобранител со бесплатна телефонска линија за изборни повреди на 2 ноември

Последен ден од изборната кампања за градоначалници за вториот круг од локалните избори