(ВИДЕО) Блажески: Не гласајте за луѓе без лекарска етика!

Од:

Советникот Дејан Блажески од ЛДП ги повика граѓаните на Охрид да одлучат разумно на гласањето во недела.

Еве што кажа Блажески: Секогаш зборувам со факти и ајде да погледнеме неколку факти пред овој изборен молк.

Што придонесе Антонио Милошоски во петтата изборна единица и пратениците кои што се повторно кандидати. Распределбата на средства по општини од Агенцијата за патишта се врши според определените критериуми и методологии во кои влегуваат број на возила, број на улици, број на потрошено гориво. Општина Охрид од овие кои што кажуваат дека ќе се борат за Охрид е осакатена за околу 2.500.000 евра.

Ова го зборувам затоа што по таа методологија, Општина Охрид треба да добива годишно по 30.000.000 денари, општини кои што ги исполнуваат овие критериуми ги добиваат овие пари додека Општина Охрид во последниве осум години добива од 7 до 9 милиони денари на годишно ниво. Тоа не значи никаква љубов кон градот туку само лажно продавање на магла од кандидатите за пратеници.

И како можеме да им веруваме на луѓе кои што ни тврдеа дека нечии згради тонат, дека од трет спрат ќе стигнат на прв спрат. Ќе погледнете тука кај Билјанини извори, зградите се уште се тука. Не лажеа дека ќе не поплави езерото и што уште не. Тие луѓе немаат кредибилитет да бараат повторен мандат .Немаат кредибилитет да бараат мандат и новите кандидати за пратеници на оваа листа, односно Сашо Василевски и Љубен Арнаудов, затоа што здравството не било во покатастрофална состојба никогаш.

Дваесет години се трудиме да го опоравиме ова здравство во Република Македонија, меѓутоа овие последни осум години знаете што се случуваше со болницата во Охрид. Зошто не признаат колку тужби имаат од хирурзите и анестезиолозите за ненавремено исплаќање на дежурства?

Зошто не кажат дека немаат стручен кадар кој што знае да управува со апаратите?

Зошто не кажат дека компјутерскиот систм кој што го воведоа е катастрофален и го отежнува редот и работата на лекарите. Г-дине Сашо Василевски, ова го знаат вашите колеги и вашите пациенти, а вие до утре можете да тврдите и да промовирате проекти како „Ало, докторе“.

Кога сме кај проекот „Ало, докторе“, г-дине Сашо Василевски би сакал да ви прочитам каков доктор сте вие. Вака сте напишале: „Од секое дрво не бидува свирче, така и од секој пациент со психијатриска верифицирана дијагноза не бидува политичар. Затоа и замолил и да не биде на листата, не можел да го помине психолошкиот тест. За жал, имаме и такви кои што кршат врати по психијатриски оддели и изигруваат политичари.

Чудно, но еве кај нас функционира. А ако ве интересира терапијата, можеби треба да се порача:Ова е коментар од еден потенцијален пратеник, поранешен носител на листата на Социјалистичка партија на Македонија. Ова е коментар од еден доктор кој што се поседува само не етика Не само што клеветел и лажел, за што немам намера да простам, и официјално ве известувам дека веќе е поднесена тужба против Сашо Василевски за кој што, се извинувам, не можам да кажам дека ја поседува лекарската етика.

Заради зачувувањето на нивото на дискусијата, ќе се потрудел да не одговора онака како што вистински треба да се одговори на ваквите луѓе. Но ви ветувам денес, дека сите пари од тужбата за клевета и навреда која што е поднесена против Сашо Василевски, ќе бидат донирани во психијатриското одделение поточно за оние луѓе кои што се болни од мултиплекс склероза, а дел ќе се поделат по порталите со што ќе ни помогнете да ги разоткриеме причините и да превенираме луѓето што помалку да имаат проблеми со оваа дијагноза.

Блажески презенираше уште еден доказ за непрофесионалноста, не само на докторот туку и на неговата сопруга: „Кога коментирате психијатриски дијагнози претпоставка е дека треба да ги добиете од вашата сопруга.

Ја докажувам соработката со неговата сопруга овде, каде што сум вклучен во проект за луѓе болни од мултиплекс склероза и каде што самата Јулијана Василевска, неговата сопруга, има напишано:

„Дејан, има проект за нов лек за мултиплекс затоа да искомуницираме, ми кажаа дека си во комуникација со некои пациенти кои sе помлади, Поздрав, д-р Јулија“. На целата помош, ваквиот дрзок потенцијален пратеник вака одговори“, истакна Блажески.

Тој ги повика граѓаните, еснафот и колегите негови, да го осудат ова, да ги осудат луѓето кои што континуирано осум години лажат, да ги осудат сите оние кои што изминативе осум години направија катастрофа од болницата, ваквото неетичко однесување, ваквата ниска реторика и да ги осудат сите оние за кои што пропаѓаа нечии бизниси од типот дека им тонат зградите и слично.

„Затоа повик до граѓаните да размислат уште еднаш дали на оној анимозитет кој што го прикажува ДПМНЕ кон Охрид треба да дадат амин. Ве уверувам дека има разлика меѓу Тунтев, Цветкоска и Танасоски за разлика од нивните кандидати“, повика Блажески.

Би можело да ве интересира

ЛДП: Осуда за сквернавењето на државното знаме и одговорност за сторителите

Катерина Ѓуровски

ЛДП со посебна благодарост за основачите во Битола

Зајкова: ЛДП е фокусирана на своите политики, а не дали ќе настапува во одредено мнозинство

Зајкова: Со новиот предлог закон за платежни услуги се укинуваат неоснованите банкарски трошоци

Горан Наумовски

ЛДП: Скопје не смее повеќе да биде во заложништво на волјата на Данела – оставка веднаш

Зајкова: Здружените напади и заканите нема да ме предомислат – ЛДП останува доследна на своите програмски принципи по кои сме препознатливи

Предраг Петровиќ