Предавање на тема „Љубовта и уметникот“, кое ќе го одржи еминентниот теоретичар на уметноста и културата Александар Гарсија Дитман, ќе се одржи во 20 часот, во просториите на клубот ГЕМ
Целта е да се отворат различни аспекти на читањето на перформативите на насилната реалност, насилството во јазикот, во политичкото, во уметничкото. Предавањето е дел од дводневниот семинар насловен „Уметност во спорни подрачја – љубовта и уметникот“, предводен и обмислен од Петар Милат (од групацијата „МаМа“, Загреб) и од Александар Гарсија Дитман, кој предава на Универзитетот за уметности во Берлин, по долгогодишно искуство како професор на универзитетот „Голдсмитс“ во Лондон.