ДС го повикa членството да гласа за Иванов и коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ

Од:

Демократскиот сојуз (ДС) денеска повторно ги повикува членовите и симпатизерите, како  и сите граѓани, в недела на 27 април, масовно да излезат и да гласаат за Ѓорге Иванов, кандидатот за претседател, како и за кандидатите за пратеници на „Коалицијата за Подобра Македонија“, предводена од ВМРО-ДПМНЕ.

Потсетува дека носители на листите под редниот број пет на избирачкото ливче се: во ИЕ 1 Никола Груевски,  во ИЕ 2 Гордана Јанкуловска, во ИЕ 3 Никола Тодоров, во ИЕ 4 Зоран Ставревски, во ИЕ 5 Антонио Милошевски и во ИЕ 6 Никола Поповски.

– Со изборот на Ѓорге Иванов за претседател и  обезбедување на стабилно парламентарно мнозинство (од најмалку 62 пратеници), ќе продолжат  реформите, со што ќе се создадат услови за отварање на нови работни места за подобра иднина на сите граѓани, посебно на младите генерации, владеење на правото, борба против огранизираниот криминал и  корупцијата, како и полноправно членство во НАТО и ЕУ, како наш врвен национален и државен приоритет, се вели во соопштението на ДС.

Демократскиот сојуз апелира до политичките партии и граѓаните, да направат се што е во нивна моќ, изборите да поминат во мирна и  демократска атмосфера.

Би можело да ве интересира

Трет ден кампања за Локалните избори 2025

Руското МВР тврди: Регистрирани се 10 обиди за терористички напади за време на локалните избори

Избори во Северна Рајна-Вестфалија: ЦДУ го задржува водството, АфД во силен пораст

Аргентинската опозициска партија победи на изборите во Буенос Аирес

Шест кандидати на AfD починаа пред германските избори

Предвремени избори за претседател на Република Српска на 23 ноември

Горан Наумовски