ФОТО: Дваесет и тригодишно момче од Руанда има 24 деца

Од:

Дваесет и тригодишниот Жан Клод Нкуси веќе има 24 деца. Тој како и повеќето млади луѓе од Руанда е „вештачки татко“ на 24 деца.

Тие немааат исти гени и единствено нешто што ги поврзува е тоа што сите го преживеале геноцидот од 1994 година, во кој се убиени околу 800.000 лица, пишува CNN.

Жан Колд и припаѓа на етничката група Тутси и е член на организација на Советот на студенти жртви на геноцидот (АЕРГ), чиј што заштитен знак е акција за помош на жртвите со создавање „вештачки семејства“.

Организацијата ја основаа дванаесет студенти во 1996 година од Универзитетот во Руанда, а денес таа брои повеќе од 43.000 студенти и средношколци од таа мала африканска држава.

АЕРГ создава „вештачки семејства“ од своите членови , врз основа на територијалната припадност на некој факултет или училиште. Новоформираното„семејство“ се состанува и демократски избира „татко“ и „мајка“ од своите редови.

Иако тие семејства не живеат заедно, сепак се помагаат кога се работи за финансиски и други прашања. Денес ширум Руанда има стотици „вештачки семејства“.

-Во Руанда некогаш сите имавме големи семејства, но за време на геноцидот многу луѓе се убиени, затоа создаваме „вештачки семејства“, за да се вратиме на вообичаените животи. Тоа е поради историјата- вели еден од координаторите на организацијата, Даниел Тујизере.

Националната координаторка на АЕРГ, Константин Рукундо појаснува дека концептот произлегол од основните потреби.

-Потребен ви е некој кој ќе се грижи за вас – вели таа, со образложение дека целта на сите тие семејства е доживотно да се грижат за своите членови.

ruandaKampovi

Според податоците на УНИЦЕФ, 95.000 деца останале сираци, поради геноцидот.

Дури 75 проценти од нив се сведоци на убиства и повреди, а многумина од нив се и жртви на насилства и силувања.

Нивните проблеми во Руанда продолжуваат и по 1994 година. До 2001 година се проценува дека 264.000 од нив го изгубило едниот или двајцата родители поради сида.

Тие деца денес главно страдаат бидејќи се сиромашни, често бездомници, со трауми и нерешен правен статус.

Имотите кое им припаѓале на нивните родители им се одземени по нивната смрт. Келси Финеган, која што се занимава со проблеми на преживеаните во геноцидот, велат дека тие деца, во различни аспекти на животот ги следат трауми.

Е. Г.

Би можело да ве интересира

Херојот на филмот „Хотел Руанда“ излезе од затвор

Британски суд: Законска е депортацијата на мигрантите во Руанда

А1он

Конго: Ако Руанда сака војна, ќе ја добие

А1он

Франција ја отвора архивата за периодот на геноцидот во Руанда

Ана Ололовска

Франција одговорна, но не е соучесник во геноцидот во Руанда

Во Париз уапсен бизнисменот кој го финансираше геноцидот во Руанда

А1он