Чуркин: Русија би можела да интервенира во Украина

Од:

Доколку ситуацијата во југоисточна Украина се развива во најлоша можна насока, Русија би можела да ја спроведе одлуката на Советот на Федерацијата за употреба на руските Вооружени сили на украиснка територија, изјави постојаниот руски претставник во ОН, Виталиј Чуркин.

Тој потсети дека на Советот на Федерацијата, Горниот дом на рускиот Парламент, му дал мандат на претседател Владимир Путин да ги употреби руските вооружени сили на територијата на Украина.

– Таа можност секогаш е во наши раце. Но, се разбира дека не би сакале да дојде до тоа, нагласи Чуркин.

Тој нагалси и дека доколку насилството во југоисточна Украина не запре, Русија ќе побара свикување вонредна седница на Советот за безбедност на Обединетите нации.

– Доколку продолжи употребата на сила против протестното движење во Украина, ќе свикаме вонредна седница на Советот за безбедност, рече Чуркин.

Според него, генералниот секретар на ОН, Бан Ки-мун треба отворено да го осуди „користењето на вооружени сили против политичката опозиција“ во југоисточна Украина.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Блиска средба: Ф-16 испратен да пресретне руски Су-35 на Алјаска

(ВИДЕО) Гранатирана е зграда на СБУ во која имало офицери на НАТО, досега се потврдени 15 починати странци

Песков: Неопходни се корекции на нуклеарната политика поради ескалацијата на тензиите

Руската воздушна одбрана синоќа уништи 125 украински беспилотни летала

Северна Кореја: Американската помош за Украина е „неверојатна грешка и луд чин“

Горан Наумовски

Лавров го предупреди Западот да не се бори до победа со нуклеарна сила

Горан Наумовски