Светски познатиот дизајнер Карим Рашид нуди уникатен дизајн на футроли за iPhone 4/5 и за Samsung Galaxy S4.
Еден од најплодните дизајнери на својата генерација познат е по способноста за спојување идеи со материјали и естетика во финален производ. Преку 3.000 примери во индустрискиот дизајн, преку 300 награди и работа во преку 35 држави, сведочат за неговиот квалитет.
Шест нови футроли претставени под брендот Калипсо Кристал во лимитирана серија – дизајнирани се во Њујорк, рачно изработени од титаниум, сребро и италијанска кожа. Финализирани се во Европа, рачно работени. Поради тоа и цената е 149 евра.