Обединувањето со Молдавија – фактура на десет милијарди леи годишно

Од:

Заради кризата во Украина, хипотезата за обединување на Романија со Молдавија повторно стана актуелна. Но колку би не чинело да ги изедначиме платите, пензиите и расходите за функционерите во државните иснитуции од другата страна на Прут?

Обединувањето на Геманија чинеше 2000 милијарди евра, кои беа платени од побогатиот запад за период од околу две децении. И покрај тоа, нивото на развој на поранешната ГДР е се уште значително пониско од тоа на регионите кои останаа во сферата на западното влијание. Романија ни најмалку ја нема економската моќ на ФДР, но во случај да се повтори германското сценарио, таа би требало да може да си дозволи изедначување на платите, пензите и на социјалната помош од двете страни на реката Прут. Според податоци од статистичкиот институт во Кишњев, Република Молдавија, (без Приднестровјето) во моментов има околу 235.000 лица кои работат во државната администрација во сферата на образованието и здравството. Кон тоа се придодаваат и околу 10.000 воени и неколку илјади полициски службеници, судии или вработени со тајните служби. Бруто средната плата во буџетскиот сектор во моментов е околу 700 романски леи, во споредба со 1,500 леи во Романија. Следствено, според изедначувањето на платите во државниот сектор, тоа значи дополнителни 2,4 милијарди леи годишно.

Освен тоа, во Молдавија има 670.000 пензионери – 20.000 со специјални пензии, и 650.000 со пензии од социјалното осигурување. Оние од втората категорија добиваат просечно по 230 леи месечно. Во системот за социјално осигурување во Романија, државната просечна пензија изненсува 793 леи. Тоа значи дека за изедначување на пензиите на двете држави, ќе требаат дополнителни 4,4 милијарди евра од буџетот годишно, без да се земат предвид специјалните пензии.

Покрај тоа, властите во Кишњев исплатуваат по 130 милиони леи годишно за мајчинство. Во Романија таа сума е речиси 15 пати повисока (околу 1,8 милијарди леи годишно). Ако се има превдид дека во Молдавија годишно се раѓаат околу 38.000 деца, а во Романија 195.000, груба пресметка ќе покаже дека изедначувањето на средствата за мајчинство ќе достигне околу 230 милиони леи годишно. Други неколку стотици милиони леи ќе требаат за изедначување на помошта за инвалиди, за други видови социјална помош и за помош при невработеност.

Не на последно место – расходите за функционирањето на државните институции се доста различни. Романија во текот на 2013 година за таа цел издвоила 38,6 милијарди леи, или околу 1950 леи по глава на жител, а Молдавија десет пати помалку. За да се достигне нивото на романскиот јавен систем, институциите во Молдавија ќе имаат потреба од 3,2 милијарди леи годишно.

Севкупно, изедначувањето на нивоата на платите на државните чиновници, на пезниите и на други видови социјлана помош во Романија, како и на расходите за функционирање на државниот систем во Молдавија, би достигнало над десет милијарди леи годишно. Тоест околу 1,5 проценти од БДП, што не е невозможно, но е доста тешко за издржување од буџетот. Исто така не треба да се заборави дека евентуалното обединување би донело и не толку пријатни нешта за Молдавците. Како што е на пример израмнувањето на даноците и давачките. На пример, ДДВ-то ќе се покачи од 20 на 24 проценти. Ќе се покачат и диференцијалните ставки – од 8 на девет проценти за лебот и житните производи, и од пет на 24 проценти на природниот гас. Ќе треба да се промени и начинот на наплата на данокот на приходите, кои од двостепените седум и 18 проценти, ќе се искачи за 16 проценти. При хипотетичното обединување, ќе порасне и данокот на приходите – од 12 на 16 проценти. Не последно – ќе треба да се изедначат и акцизите што ќе доведе до покачување на цените на нафтата, природниот гас, на алкохолот и најмногу на горивата. Во моментов, литар дизел или бензин во Молдавија се продава за околу едно евро, во споредба со 1,40 евра во Романија. Разликата во цените намјногу се должи на разликата во даноците и таксите.

Сето горе спомнато објаснува, макар и бегло, зошто буџетските приходи во Молдавија во текот на 2013 година биле под девет милијарди романски леи (или по околу 2.000 леи на жител), додека државниот буџет во Букурешт собрал за истиот период 200 милијарди леи (или 20.000 по глава на жител). При варијантата за обединување, покачувањето на буџетските приходи во Молдавија на основа на покачување на основните даноци и такси незначително би ги покриле дополнителните расходи за буџетскиот апарат и за социјалната помош. И тоа, се разбира, ако се држат под контрола даночните измами.

Би можело да ве интересира

ЦИК на Молдавија: Маја Санду го освои вториот мандат

Горан Наумовски

ВИДЕО: Се затресе силно и во Молдавија, снимена реакцијата на претседателката Санду

Предраг Петровиќ

Украина и Молдавија официјално ги отворија пристапните преговори со ЕУ

Горан Наумовски

Русија ги отвори избирачките места за претседателските избори во отцепениот регион на Молдавија

Горан Наумовски

Молдавскиот архимандрит Јероним пронајден во локва крв, неговиот убиец е пронајден мртов во шума

Горан Наумовски

Естонија и Молдавија избраа евровизиски претставници

А1он