(ВИДЕО) АМАН: Доста е со поскапувањата

Од:

„Доста е“, граѓанската асоцијација „Аман “, со поддршка од УПОЗ, и незадоволните граѓани со оваа парола ќе го изразат револтот поради поскапувањето .

По прозивките и барање на ставот на синдикалците, од денеска ќе им се придружат и гранковите синдикати кои се дел од ССМ, а кои вчера отворено застанаа зад граѓанската иницијатива. Но раководствот на Синдикатот молчи и не се изјаснува за се што се случува.

Протести се најавени и во Битола, Штип, Куманово и во Прилеп.

Граѓанската иницијатива „Аман“ вчера до Собранието достави иницијатива за одржување надзорна расправа во комисијата за економски прашања, за начинот на пресметување и методологијата на формирање на цените.

Од „Аман“ изготвија и видео спот, ги повикуваат сите нездоволни граѓани да дојдат денеска во 18 часот во Скопје пред седиштето на Регулаторната комисија, и во другите градови.

Би можело да ве интересира

Поскапува дизелот, цената на бензините останува иста

За 50 отсто поскапена цените на угостителските услуги во владините објекти

Горан Наумовски

Лебот нема да поскапи следните два месеца, компаниите се жалат на проблеми со ликвидноста и со одлив на кадри

А1он

Ќе успее ли Македонија да ќари од рекордното поскапување на бакарот на светските берзи?

А1он

Ќе се зголемува школарината за студентите: Предлогот за поскапување испратен до студентските собранија

A1on

Бектеши: Инфлацијата на храната ќе биде пет отсто до крајот на годината, тоа ви го ветувам

A1on