Петти мај ден „Д“ за мак-баскетот

Од:

Петти мај би требало да биде крајниот рок за клубовите односно членовите на Собранието на Македонската кошаркарска федерација (МКФ), кога треба да се произнесат дали од следната сезона ќе се зголеми бројот на странци во домашниот кошаркарски шампионат.

Ваква одлука денеска донесе Управниот одбор на МКФ по иницијативата за зголемување на бројот на странски кошаркари. Имено, откако Здружението на прволигаши предложи ограничувањето на четворица странци во секој клуб да се зголеми на шест странци, без притоа да има било какво условување на домашни играчи во петорката која е на паркетот, а со поддршка и на клубови од втората и третата лига, како и на екипи од женската конкуренција, иницијативата беше доставена до УО на МКФ.

УО на МКФ водејќи се од статутот на федерацијата, донесе одлука да одржи т.н. дописно собрание, преку кое најнапред канцеларијата на МКФ до сите членки на Собранието писмено ќе го достави предлогот, по кој тие најдоцна до 5 мај писмено треба да се произнесат, дали оваа иницијатива ќе ја прифатат или ќе ја отфрлат.
Потсетување дека Собранието на МКФ брои 36 члена со право на глас, а за реализација на иницијативата ќе треба да се произнесат најмалку 19 члена.

Од друга страна, веќе за утре најавено е основачкото собрание на кошаркарските играчи во Р. Македонија, своевиден синдикат на кошаркарите, кои се децидно против ваквиот предлог од клубовите.

Би можело да ве интересира

Ефес го “прегази“ Макаби

Предраг Петровиќ

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

Најнов „пресек“: ФИБА ја објави ранг листата – Србија втора во светот

Предраг Петровиќ

Мицкоски: Награда од три милиони денари за кошаркарите кои освоија злато на Европското првенство

Летонците и го украдоа првото место на Србија – нова шлаканица за САД

Немирна ноќ во Берлин – тепачки меѓу навивачите на Панатинаикос и Олимпијакос