Во кошаркарската Евролига, денеска ќе се играат три натпревари од четвртфиналето.
Четврт-финалната рунда се игра во три добиени натпревари, а досега единствено Барселона која со максимални 3:0 го совлада Галатасарај обезбеди пласман на завршниот Фајнал Фор турнирот ќе се игра на 16 и 18 мај во Милано.
Најголеми шанси да и се приклучи на Барселона, денеска ќе има Макаби кој покрај водството од 2:1 против Емпорио Армани, ќе ја има предноста на домашниот терен.
На програмата се четвртите средби од меѓу:
18:30 Панатинаикос – ЦСКА Москва (1-2 во победи)
19:45 Макаби – Емпорио Армани (2-1).
20:45 Олимпијакос – Реал Мадрид (1-2)