Австралиските власти испитуваат неидентификуван предмет исфрлен од морето

Од:

Австралиските власти денеска соопштија дека испитуваат неидентификуван предмет исфрлен од морето на југозападниот брег од Австралија, во рамките на потрагата за малезискиот авион кој исчезна на 8 март на линијата Куала Лумпур – Пекинг со 239 патници.

– Полицијата го обезбеди предметот кој е најден на брегот, 10 километри источно од Аугуст, соопшти Координативниот центар за потрага по авионот, но не наведува повеќе детали.

Во понатамошната потрага по авионот се планира да биде вклучена и најмоќната сонарна опрема која ќе овозможи пребарување на поголема длабочина на Индискиот Океан.

Координативниот центар соопшти дека роботичката подморница скенирала повеќе од 80 отсто од 310 километри квадратни на морското дно во близина на австралчискиот западен брег и оти е направена тродимензионална сонарна мапа на морското дно. Но, не е пронајдено ништо во областа за која се вертуваше дека е место на падот на авионот.

– И покрај неуспешната потрага, истражителите и понатаму сметаат дека авионот на летот МХ370 се урнал долж австралискиот брег, истакна австралискиот премиер Тони Абот.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Откако се посрамоти, австралиската олимпијка замина во пензија

Предраг Петровиќ

Технички проблем ги парализираше австралиските аеродроми

Едно дете загина, а неколку се повредени во несреќа во Австралија

Горан Наумовски

Австралиски воспитувач сексуално злоставувал деца

ВИДЕО: Нов напад со нож во Сиднеј – повредени четворица

Катерина Ѓуровски

Австралискa пратеничка го нарече опозицискиот лидер расист поради ставот кон Газа