Шерпасите прифатија преговори околу бојкотот на искачувањето на Монт Еверест

Од:

Непалските Шерпаси кои им се водичи на алпинистите при нивното искачување на Монт Евересет, прифатија средба и разговори со алпинистите и нивните штабови, за да се одлучи дали тие останат на одлуката за прекин и бојкот на сите искачувања оваа сезона.

Претставник на Шерпасите претходно изјави дека тие ги прекинуваат искачувањата кон химелајските врвови, откако во петокот, лавината што се урна врз една подготвителна планинска база, уби 16 нивни другари. Несреќата се случи на височина од 5800 метри, на трасата што води кон Монт Еверест и таа е најтешкиот поединечен инцидент во модерната историја на освојувањето на највискиот врв во светот.

На преговорите што се одржуваат во една од понските бази на Хималаите, се приклучија и претставници на Владата на Непал, како и на Министерството за туризам во непалскиот главен град Катманду.

Шерпасите бараат поголемо учество при делењето на приходот од искачувањето на алпинистите, како и поцврсти гаранции за организирање на итни спасувачки операции во случај на вакви, или слични несреќи.

Согласноста за преговори, доаѓа по вчерашната одлука на неплакската Влада да им додели отштета на семејствата на сите Шерпаси кои загинаа од уривањето на лавината.

Околу 300 алпинисти од целиот свет, имаат платено за да се искачат на Монт Еверест оваа година, во трите месеци колку што изнесува сезоната на искачувањето.

Дел од овие алпинисти одлучија да се откажат,во знак на почит за загинатите Шерпаси, особено кога поголмиот дел од нив соопшти дека сезоната е веќе завршена и си замиаа од Хималаите. Но голем број алпинисти останаа, во очекување на разврската од преговорите.

Еден високо обучен Шерпас за време на сезоната, може да заработи до осум илјади долари, искачувајќи се кон Монт Еверест.

Тоа е десет пати повеќе од просечната непалска плата, но овие водичи, без кои алпинистите се сосема немоќни,сега бараат поголем дел за себе.

Повеќе од 300 светски алпинисти го освоиле Монт Еверест, од 1953 година, кога за прв пат на врвот се искачија новозеланѓанецот Едмунд Хилари и неговиот водич, Шерпасот Тенцин Норгај.

Вкупно 250 планинари досега загинале при обидот да стигнат до навискиот врв во светот.

Би можело да ве интересира

Приведен радовишанец кој превезувал осум мигранти од Непал

A1on

Најмалку 100 луѓе загинаа во поплавите во Непал, 67 се водат како исчезнати

Повторно избегаа Непалци вработени во фирма во Охрид

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Се урна авион во Непал, 18 мртви

Во Скопје „исчезнаа“ работници од Непал

Горан Наумовски

Десет работници од Непал исчезнале од Скопје и од Тетово за неколку часа

A1on