Чеку: ОВК подготвена да се соочи со правдата

Од:

Како поранешни припадници на ОВК нема ништо да криеме и не се противиме на истражувањето на одредени злосторства, за кои постои сомневање, изјави министерот на безбедносните сили на Косово, Агим Чеку и нагласи дека секој припадник на ОВК е подготвен да се соочи со правдата.

Чеку смета дека косовскиот правосуден систем можел самостојно да го решава тоа прашање, а фактот дека седиштето на специјалниот суд, кој треба да ги истражи злосторствата на ОВК нема да биде во Приштина ја оценува како „правдата да прави неправда“.

– Косово има капацитети да формира суд на своја територија, како составен дел од својот правосуден систем и нема потреба да имаме некое издвоено одделение, изјави Чеку и додаде дека тоа е преседан и одраз на недовербата кон косовската правда.

Пишувањето на медиумите, кој прв би можел да седне на обвинителната клупа, Чеку го оценува како шпекулација.

– Сметам дека никој не знае кој прв ќе седне, секој од нас е подготвен да одговори на сомневањата и обвиненијата. Она што е добро во врска со овој суд е тоа што по завршувањето на неговата работа ќе бидат симнати предрасудите во однос на ОВК, изјави Чеку во емисијата „Разговор“ на РТК2, додавајќи дека тогаш јасно ќе се види „кој бил жртва, а кој агресор“.

Би можело да ве интересира

Кастрати: Целосен дебакл на Курти

Вучиќ: Во Брисел знаат која страна го кочи напредокот во дијалогот меѓу Белград и Приштина

(ВИДЕО) Шпанците уапсија нарко-бос од Косово, во рацијата уапсени се 10 лица

Горан Наумовски

Србија повторно ќе испрати барање за враќање на 1.000 српски војници и полицајци на Косово

Предраг Петровиќ

Вучиќ утре ќе се изјасни, на маса и опцијата за прогласување окупација на дел од територијата на Србија

Предраг Петровиќ

Четворица млади Срби на рочиште во северниот дел на Косовска Митровица