ДС: Гласот за „Коалицијата за подобра Македонија“, глас за стабилна држава

Од:

Демократскиот сојуз ги повикa членовите и симпатизерите на партијата и сите останати граѓани в недела на 27 април да излезат на гласање и да гласаат за кандидатите за пратеници на „Коалицијата за подобра Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ, како и за претседателскиот кандидат Ѓорге Иванов.

– Демократскиот сојуз е цврсто определен за зголемување на правната сигурност и владеење на правото, силни демократски институции, подинамичен економски развој и отворање нови работни места, еднакви можности и шанси за сите, самостојност на судскиот систем, слободни медиуми кои се борат за вистината, како  и ефективна борба против организираниот криминал и корупцијата. За ДС врвни приоритети се полноправно членство во НАТО и започнување на преговорите за влез во ЕУ, истакна на денешната прес-конференција претседателот на ДС Павле Трајанов.

Побара гласачите да и обезбедат на „Коалицијата за подобра Македонија“ стабилно парламентарно мнозинство од 62 пратеника за, како што рече, да можат да се реализираат стратешките определби и цели и да се имплементираат над 2.000 проекти, и да се отворат 64.000 нови работни места.

– Република Македонија е поставена на цврсти темели, спроведени се бројни реформи, при што со многу посветеност и работа постигнати се значајни резултати. Развојот и позитивните трендови треба да продолжат. Со масовна поддршка и  гласање за „Коалицијата за подобра Македонија“, се гласа за стабилна и економски силна Македонија и се отвораат нови перспективи за сите граѓани, посочи Трајанов на  прес -конференцијата.

Би можело да ве интересира

Трет ден кампања за Локалните избори 2025

Руското МВР тврди: Регистрирани се 10 обиди за терористички напади за време на локалните избори

Избори во Северна Рајна-Вестфалија: ЦДУ го задржува водството, АфД во силен пораст

Аргентинската опозициска партија победи на изборите во Буенос Аирес

Шест кандидати на AfD починаа пред германските избори

Предвремени избори за претседател на Република Српска на 23 ноември

Горан Наумовски