Кипарското Министерство за надворешни работи ја оцени како „пропаганден маневр“ изјавата на лидерот на кипарските Турци, Дервиш Ероглу по средбата со генералниот секретар на Обединетите нации, Бан Ки-мун дека е можно уште оваа година да биде постигнато решение на деценискиот конфликт околу поделениот остров.
Кипарскиот министер за надворешни работи Јоанис Касилудис изјави денеска за весникот „Филелефтерос“ дека изјавата на Ероглу е дадена „за да се направи шоу“ или за да се создаде впечаток дека нештата за кипарското прашање напредуваат во момент, кога се познати позициите изложени на масата за преговори, а кои не укажуваат на напредок.
– Не сакам да обвинувам никого, сите знаат што се разговара на преговорите, што е разумно, а што апсурдно, изјави Касулидис и додаде дека турската страна се обидува да создаде атмосфера на еуфорија околу можноста за скорешно решавање на кипарското прашање на тие преговори, кои беа обновени на 11 февруари по речиси двегодишен прекин.