Собранието на Косово ќе расправа за судот за ОВК

Од:

Пратениците во косовското Собрание денеска ќе се изјаснат во врска со формирање на специјалниот суд, кој би требало да се занимава со истрагата на воените злосторства на припадници на ОВК.

На дневен ред е и предлог-законот за продолжување на мандатот на ЕУЛЕКС.

По вчерашната одлука на косовската Влада да ги усвои предлозите на овие два закони, претставниците на албанските партии најавуваат дека на седницата на Собранието ќе ги поддржат нацрт-законите.

Лидерот на Демократскиот сојуз на Косово, Иса Мустафа изјави дека неговата партија ќе го поддржи формирањето на специјалниот суд за злосторствата наведени во извештајот на Дик Марти, за кои се осомничени поранешни припадници на ОВК.

– Меѓу двете опции, оваа опција самите да формираме специјален суд е помалку болна, бидејќи во спротивно судот би бил основан од Советот за безбедност на Обединетите нации, истакна Мустафа.

Лидерот на Алијансата за иднината на Косово, Рамуш Харадинај денеска изјави дека неговата партија исто така ќе го поддржи формирањето на специјалниот суд за наводите од извештајот на Советот на Европа од 2011 година.

Претседателот на Демократската партија на Косово Хашим Тачи по состанокот на претседателството на партијата изјави дека нејзините пратеници ќе го поддржат формирањето на специјалниот суд, а поддршка неодамна најави и претседателот на Алијансата за Ново Косово, Беџет Пацоли.

Против формирање на специјалниот суд и продолжување на мандатот на ЕУЛЕКС се изјаснија претставници на движењето Самоопределување на Аљбин Курти.

За усвојување на одлуката за продолжување на мандатот на ЕУЛЕКС и за формирање на специјалниот суд треба да гласаат најмалку 80 пратеници во косовското Собрание.

Би можело да ве интересира

Кастрати: Целосен дебакл на Курти

Вучиќ: Во Брисел знаат која страна го кочи напредокот во дијалогот меѓу Белград и Приштина

(ВИДЕО) Шпанците уапсија нарко-бос од Косово, во рацијата уапсени се 10 лица

Горан Наумовски

Србија повторно ќе испрати барање за враќање на 1.000 српски војници и полицајци на Косово

Предраг Петровиќ

Вучиќ утре ќе се изјасни, на маса и опцијата за прогласување окупација на дел од територијата на Србија

Предраг Петровиќ

Четворица млади Срби на рочиште во северниот дел на Косовска Митровица