Косовски министeр: Незавршената црква „Св. Спас“ во Приштина ќе биде урната зашто била градена без дозвола

Од:

Косовскиот министер за животна средина и територијално планирање на Косово Дардан Гаши објави дека ќе биде урната незавршената црква „Свети Спас“, која се наоѓа на територијата на Приштинскиот универзитет во центарот на главниот град, јави Танјуг.

Гаши изјави за косовската телевизија РТВ 21, дека објектот од времето на Слободан Милошевиќ е изграден без дозвола и ќе биде третиран како таков.

– Тоа е чувствително прашање, но законот треба да биде еднаков за сите објекти. Тоа е објект без дозвола и ќе биде третиран како секој објект, кој нема дозвола во Косово, рече Гаши.

Рашко-призренската епархија на Српската православна црква соопшти дека тоа е отворена провокација, која има за цел да им наштети на меѓуетничките и меѓурелигиозните односи во Косово, особено во времето на најголениот христијанки празник Велигден.

Би можело да ве интересира

Кастрати: Целосен дебакл на Курти

Вучиќ: Во Брисел знаат која страна го кочи напредокот во дијалогот меѓу Белград и Приштина

(ВИДЕО) Шпанците уапсија нарко-бос од Косово, во рацијата уапсени се 10 лица

Горан Наумовски

Србија повторно ќе испрати барање за враќање на 1.000 српски војници и полицајци на Косово

Предраг Петровиќ

Вучиќ утре ќе се изјасни, на маса и опцијата за прогласување окупација на дел од територијата на Србија

Предраг Петровиќ

Четворица млади Срби на рочиште во северниот дел на Косовска Митровица