(ВИДЕО) СДММ Битола: Дали на ВМРО-ДПМНЕ му пречат борците против бугарскиот врховизам, како Сандански?

Од:

„На денешен ден пред 99 години од  врховистите  убиен е големиот македонски револуционер Јане Сандански. Ние, младите сакаме со жалење да констатираме дека единствената спомен-биста на Јане Сандански пред истоименото средно општинско   училиште во градот, веќе неколку години е украдена и ја нема.

Го прашуваме градоначалникот на Битола, Владимир Талески – во чија надлежност е грижата за спомениците во градот и дали има намера да  ја обнови оваа спомен биста?

Дали ваквата досегашна негрижа за спомен-бистата на „Пиринскиот цар“  има врска со тоа што тој бил најголемиот противник на бугарскиот врховизам во Македонија“, рече Игор Митревски, Секретар на ЛК СДММ Битола.

„Дали на  ВМРО ДПМНЕ му пречат борците против бугарскиот врховизам, како што беше Сандански?

Наспроти тоа, СДСМ во првиот момент кога ќе биде власт во Македонија, ќе ја направи спомен-бистата на Сандански и на многумината други вистински македонски револуционери од Илинденскиот период“, додаде  Игор Митревски, Секретар на ЛК СДММ Битола.

Би можело да ве интересира

Владата одлучи: Нема да трошиме време и пари на референдум за европскиот пат

Горан Наумовски

СДСМ: Министерката за финансии прво повикува на средба, а потоа бега

СДСМ: Владата потфрли во економијата и ги разочара граѓаните

СДСМ: Мицкоски ги излажа граѓаните и за економијата, животниот стандард е влошен

(ВИДЕО) Кузеска: Македонскиот јазик е признаен и заштитен, патриотизам е интеграцијата во ЕУ

А1он

Министерството за транспорт ги објави четирите понуди за електричните автобуси, тврдењата на СДСМ ги оценуваат како паушални