Југохром Фероалојс демантира: „Цивил“ шири лаги и манипулации во врска со изборните вработувања

Од:

Менаџерскиот тим на Југохром Фероалојс најостро ги демантира објавувањата на невладината „Цивил“, во врска со партиските вработувања во нивната фирма.

Како што се вели во демантот, со доаѓањето на новиот сопственик на чело на колективот од јули 2010-та година, фирмата работи максимално професионално со единствена цел да остварува профит и притоа да се вработат што е можно поголем број на луѓе. Од фирмата упатуваат молба до невладината организација, како што велат, да не одмагаат во работата на колективот со испраќање на соопштенјуа полни со небулози, лаги и манипулации.

– Можеби една од причините за ваквата реакција на „Цивил“ е тоа што во неколку пати биле одбиени од страна на генералниот директор за интервју, што впрочем е и идентичен став за сите невладини организации. Исто така сакаме да напоменеме дека никој од вработените нема причина да стравува за своето работно место, Во моментов, Југохром Фероалојс работи со оптимален капацитет за вработени, согласно наѓата производствена програма – се вели во демантот.

Би можело да ве интересира

Трет ден кампања за Локалните избори 2025

Руското МВР тврди: Регистрирани се 10 обиди за терористички напади за време на локалните избори

Избори во Северна Рајна-Вестфалија: ЦДУ го задржува водството, АфД во силен пораст

Аргентинската опозициска партија победи на изборите во Буенос Аирес

Шест кандидати на AfD починаа пред германските избори

Предвремени избори за претседател на Република Српска на 23 ноември

Горан Наумовски