Џо Бајден ги увери украинските лидери дека САД ги поддржуваат

Од:

САД ќе застанат до Украина против „понижувачките закани“, изјави американскиот потпретседател Џо Бајден, кој се наоѓа во посета на Киев.

На средба со лидерите на различни политички партии во Украина, американскиот претседател истакна дека тие имаат историска можност да изградат единствена Украина.

Бајден изрази уверување дека САД се подготвени да и помогнат на Украина да стане енергетски независна од Русија.

Во програмата на Џо Бајден за денеска се предвидени средби со вршителот на должноста претседател на Украина, Олександар Турчинов и со премиерот Арсениј Јацењук.

Џо Бајден е првиот висок американски претставник кој допатува во Украина по посетата на државниот секретар Џон Кери на 4 март годинава.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Објавена снимка од американски разурнувачи кои пукаат во ирански ракети

Џо Бајден се противи Израел да ги таргетира иранските нуклеарни локации

Најмалку 64 жртви на ураганот Хелена во југоисточниот дел на САД

(ВИДЕО) Гранатирана е зграда на СБУ во која имало офицери на НАТО, досега се потврдени 15 починати странци

Песков: Неопходни се корекции на нуклеарната политика поради ескалацијата на тензиите

Иран: Нема да се двоумиме, САД мора да ги прифати последиците