На трите натпревари одиграни синоќа во кошаркарската Евроига победи постигнаа домашните екипи и воедно ја продолжија борбата за пласман на завршниот „Фајнл фор“ турнир.
Европскиот првак Олимпијакос во неизвесен натпревар го победи Реал Мадрид со 78:76. Со овој триумф Олимпијакос намали на 2-1 во победи за Реал.
Во Атина и Панатинаикос беше подобар од ЦСКА Москва со 65:59 и воедно се избори за натпревар број 4, а рускиот тим има предност од 2-1 во победи.
Макаби постигна најубедлива победа со 75:63 совладувајќи ги Емпорио Армани и поведе со 2-1 во победи и следниот натпревар го игра на домашен терен.
Следните натпревари на програмата се утревечер, а играат: Олимпијакос – Реал Мадрид, Панатинаикос – ЦСКА Москва и Макаби – Емпорио Армани.
Пласман во полуфиналето досега има изборено единствено Барселона.