Кривична пријава и притвор за осомничени за нелегална продажба на наркотици

Од:

Министерството за внатрешни работи во рамки на оперативната обработка „Мрежа“, во два одвоени случаи осомничени пет лица дека се занимаваат со нелегална продажба на наркотици.

Во двата случаи, соопшти денеска МВР, кои беа реализирани на скопските и гостиварските улици, запленети се амфетамини, марихуана, оружје и ваги за мерење дрога.

Во првиот реализиран сличај, при извршен преглед врз 33 годишно лице од Гостивар, е пронајдена една хартиена паковка со помала количина марихуана. Врз основа на обезбедени дополнителни сознанија за соработка на лицето со други дилери, со наредба на надлежен Јавен обвинител извршени се пет претреси кај седум лица на подрачјето на Скопје и Гостивар.

Од извршените претреси, кај 22 годишно лице од Скопје, пронајдени и одземени се две полиетиленски кеси со марихуана со количина од околу еден килограм, две дигитални ваги најверојатно користени за мерење на наркотична дрога и други предмети кои можат да бидат поврзани со недозволена трговија со дрога, додека кај друго 20 годишно лице од Гостивар, пронајдена и одземена е една најлонска кеса со 59 таблети, најверојатно екстази, во форма на квадрат со розева боја на кои на предната страна има лого БД, а на задната страна 10, како и 28.700 денари.

Одземената растителна материја и таблетите се предадени во Одделот за криминалистичко технички испитувања и вештачења при МВР заради понатамошно вештачење.

Од страна на Министерството за внатрешни работи, по целосно расчистување и документирање на случајот ќе биде поднесена кривична пријава поради основано сомнение дека лицата сториле кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори”.

Во вториот случај, СВР Скопје-Единица за недозволена трговија со дрога, со кривична пријава до надлежното ОЈО Скопје предаде две лица од Скопје на возраст од 31 година, осомничени дека сториле кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори”, а за едно од нив е поднесена и пријава за кривично дело „недозволено држење на оружје и распрскувачки материи“.

За сторените кривични дела од страна на Судија во претходна постапка на пријавените им е одредена мерка притвор во траење од 30 денови.

Единицата за недозволена трговија со дрога, дојде до сознанија дека првоосомничениот со прекар „Дац“ подолго време престојува во домот на второосомничениот во населба Влае, каде набавената дрога ја препакуваат и ја продаваат на зависници.Постапувајќи по добиените сознанија, соопшти МВР, со наредба од Судија на претходна постапка, од страна на полициски службеници извршен е претрес во домот на второосомничениот и кај уште едно лице. При извршениот претрес, пронајдени се 43 грама анфетамин, спакувани во 58 паковки, 350 грама марихуана, еден пиштол „Екол“ кал. 6,35, еден пиштол „Црвена застава“ калибар 9 мм и една дигитална вага. Првоосомничениот, при претресот кај другото лице е затекнат во уживање на наркотици, а пронајдени се и една паковка анфетамин и една паковка марихуана, за што ќе биде поднесена кривична пријава за „овозможување употреба на наркотични дроги“.

Инаку, двете лица кај кои беа вршени претреси се регистрирани како извршител на кривични дела недозволена трговија со наркотични дроги, за што на двајцата во периодот 2008/2012 од надлежен Суд им има изречено две казни затвор. Тоа се однесува и на првоосомничениот, кој во 2002 година е кривично пријавен за недозволена трговија со марихуана.

Во врска со двата случаи од страна на Секторот за недозволена трговија со дрога ќе бидат преземени дополнителни мерки и активности заради утврдување на кривична одговорност и на други инволвирани лица.

Досега во текот на акцијата „Мрежа” на цела територија на Република Македонија приведени се над 50 лица кај кои се пронајдени разновидни видови наркотична дрога. МВР за дел од лицата веќе поднесе кривични пријави за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекусори“.

Освен приведените лица, во досегашниот тек на акцијата запленети се околу 450 килограми разни видови наркотици, вредни повеќе милиони евра.

Би можело да ве интересира

За три дена МВР „подели“ дури 2.490 казни за учесници во сообраќајот

Скандалозно: Според Тошковски дивоградбите ќе се уриваат само ако се опасни по живот

По докази за дивоградби, полицијата влегла во општините Чаир, Сарај, Аеродром и Кисела Вода

МВР вработува 150 полицајци

МВР одобри 24 часовно обезбедување на градоначалничката Данела Арсовска

А1он

Арсовска го објави напаѓачот: Структури во МВР прават се да го заштитат и да го заташкаат случајот