Двајца локални претставници на Детскиот фонд на ОН (УНИЦЕФ) во Пакистан, исчезнаа во јужниот пакистански град Карачи, соопшти денеска оваа агенција на Светската организација, додавајќи дека полицијата претпоставува дека се киднапирани.
Двајцата служебници на УНИЦЕФ исчезнале во четвртокот вечерта и во тек е полициска потрага по нив.
Карачи, со 18 милиони жители, е најголем град во Пакистан и често е место на етничко, верско и политичко насилство, како и на криминални активности, вклучувајќи тука и киднапирања.