Осум лица загинаа кога еден приватен авион се урна во градот Салтило на северот од Мексико, соопштија локалните власти. Луксузниот авион „хокер 800“ удрил во покривот на едно складиште додека се приближувал на аеродромот.
По ударот, авионот се запалил, удрил во земја и се распаднал на делови. Во авионот се наоѓале двајца пилоти, два брачни парови, дете и една жена.
Причината за несреќата засега е непозната, но се претпоставува дека маглата допринела за пад на авионот.