Барселона прв учесник на Фајнал форот во Евролигата

Од:

Тимот на Барселона е првиот кој обезбеди пласман на завршниот Фајнал фор турнир во кошаркарската Евролига.

Шпанскиот тим со максимални 3:0 во четврт-финалната рунда го совлада турскиот претставник Галатасарај.

До третата победа Барселона стигна вечерва на гостувањето во Истанбул каде го совлада Галатасарај со 78:75.

Иста можност како и Барселона, веќе утре ќе имаат екипите на Реал Мадрид и ЦСКА Москва на гостувањата во Атина, против Олимпијакос и Панатинаикос заминуваат со предност од 2:0 во победи.

Покрај овие две средби утре ќе се одигра и натпреварот во Тел Авив во кој Макаби и Емпорио Армани ќе ја бркаат втората победа, откако на дуелите во Милано двете екипи остварија по еден триумф.

Завршниот Фајнал Фор турнирот ќе се игра на 16 и 18 мај во Милано.

Би можело да ве интересира

Ефес го “прегази“ Макаби

Предраг Петровиќ

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

Најнов „пресек“: ФИБА ја објави ранг листата – Србија втора во светот

Предраг Петровиќ

Мицкоски: Награда од три милиони денари за кошаркарите кои освоија злато на Европското првенство

Летонците и го украдоа првото место на Србија – нова шлаканица за САД

Немирна ноќ во Берлин – тепачки меѓу навивачите на Панатинаикос и Олимпијакос